vero
Vero

Дали можеби сте чуле за Vero? Во морето социјални мрежи кои се појавуваат, стануваат популарни и исчезнуваат незабележано, тешко е да се препознае платформа која би им понудила на корисниците нешто исклучително. Vero е присатен на медиумското небо уште од 2015-тата година, меѓутоа се чини дека сега го фаќа својот вистински замав.

Некои ќе речат дека Vero е „вистинска социјална мрежа“ која нуди малку поинакво дружење. Но, на прв поглед тој не нуди ништо особено различно или до сега не видено. Корисниците се охрабрени меѓу себе да споделуваат мултимедијални содржини. Она што е всушност и постулат на секоја друштвена мрежа.

За да се разликува од конкуренцијата, Vero нуди една интересна алатка која му дава на корисникот контрола врз публиката со која споделува содржини. Сите конекции кои корисникот ги остварува на мрежата се категоризираат во 4 категории. Па така, можете да имате следбеници (followers), познаници (acquaintance), пријатели и блиски пријатели.

Сето ова, иако истакнато како предност на мрежата, практично не е ништо ново. „Ветераните“ како Twitter, Facebook, па дури и LinkedIn одамна имаат механизми за сличен вид на контрола на публиката со која се комуницира. На страна фактот што популаризирањето на нов производ во услови на презаситен пазар би била практично невозможна мисија. Сепак изгледа дека тајната зад тоа што Vero токму сега испливува на површина е токму неговиот некомерцијален статус.

Нехронолошкиот начин на пласирање на вести и реклами кој стана пракса кај конкурентските социјални мрежи буквално ги „излудува“ корисниците. Особено оние кои со помош на нив заработуваат, промовирајќи содржини или производи. Vero од друга страна нуди поинаков начин на приоритизирање на содржините и пласман кај публиката. Некои кои веќе го користат не издржаа да не ги споменат негативните аспекти, примарно корисничкиот интерфејс.

Апликацијата е достапна бесплатно за преземање од обете најпопуларни он-лајн продавници. Но и тоа нема да трае вечно. Имено, само првите милион корисници ќе имаат привилегија да ја користат бесплатно. Останатите ќе мораат да плаќаат годишна „членарина“ за користење. Сума сумарум, уште една, по се изгледа, најобична социјална мрежа…

ИЗВОРPop Sugar
ИЗВОР 2Vero
Претходна статијаНова мобилна апликација за возачите на Ford
Следна статијаКалифорнија дозволи тестирање автономни возила без директна човечка асистенција