new-yahoo-conv

За својот 16-ти роденден Yahoo претстави нова редизајнирана верзија на својот познат сервис Yahoo Mail.  Покрај новиот и почист дизајн, Yahoo Mail воведува и нови функции кои треба да го направат користењето поедноставно и побрзо. Иако Yahoo Mail  е сеуште познат и со голем број на корисници сервис, сепак Gmail е сервисот кој денеска се смета за главен на пазарот. Со најновата верзија Yahoo ќе проба да врати дел од корисниците кои преминаа на Gmail, но колку ќе успеат во тоа останува да видиме. Новата верзија ги вклучува сите платформи каде што е достапен Yahoo Mail, односно на веб, Andorid, iOS и Windows 8 апликациите. Кои се новостите во новиот Yahoo Mail?

Yahoo Mail има нов почист дизајн, кој е направен да биде минималистички. Кога го отворате вашето сандаче се што ќе видите се вашите пораки и папки од десната страна. Најнов додаток е можноста да изберете слики како ваша тема кои покрај стандардните слики и бои, достапни се и слики од Flickr сервисот. Сликите од Flickr се истите што се избираат во веќе неколку месеци редизајнираната Yahoo Weather апликација. Кога ќе изберете некоја тема на било кој уред, истата се синхронизира и се избира автоматски на сите други уреди каде што користите Yahoo Mail.

new-yahoo-themes

Пораките на кои што имате одговорено, а можеби и повеќе пати, сега се групирани во таканаречен “Разговор поглед“ (Conversation view). Ова значи дека повеќе не мора да ги барате пораките што сте ги размениле со одредена личност, па пораките со ист наслов ќе бидат групирани во една порака во вашето сандаче и по потреба можете да го видите целиот разговор. До вака групираните пораки има стрелка која ја притискате за да ги излистате сите пораки од тој разговор, кои поради заштеда на простор и подобра организација се прикажани како една порака.  Исто така оваа можност нуди брзо прегледување на дел од пораките од разговорот, па не мора да ги отворите целосно. Ова е нешто што е достапно и познато за корисниците на Gmail веќе подолг период и е добредојден додаток на Yahoo Mail.  За извршување на работи кои од Yahoo сметаат дека често корисниците имаат потреба, како што се бришење на порака, пребарување и означување на порака, додадена е можноста наречена Quick actions. Во основа овие три функции се појавуваат со поминување над конкретна порака, па брзо може да пристапите до нив. Левата лента каде се наоѓаат вашите папки, може да ја намалите, односно сокриете на левата страна, па поголем дел од просторот да го користите за читање на пораките.

new-yahoo-conversations

Сите функции што претходно беа достапни за корисниците на Yahoo Mail Plus, сервис што се плаќа, сега се бесплатно достапни за сите корисници. Корисниците кои веќе плаќаат за овие функции кои се сега бесплатни, ќе имаат предност доколку сакаат да го користат Yahoo Mail без реклами, па наместо цената од  $49,99 која ќе треба да ја плаќаат обичните корисници, тие ќе може да плаќаат $19,99. Функциите што стануваат дел од Yahoo Mail се следните:

  • Email адреси за еднократна употреба Кога не сакате да ја дадете вашата email адреса, сега имате можност да креирате адреса за еднократна употреба. Истата ја давате на потребното место, пораките пратени на таа ареса стигаат во вашето сандаче, но другата страна никогаш нема да ја дознае вашата вистинска email адреса.
  • Филтри Имате избор од повеќе од 200 филтри за автоматско организирање на пристигнатите пораки.
  • Препраќање на пораки Автоматско препраќање на пристигнатите пораки на друга адреса, вклучувајќи и друга Yahoo Mail адреса.
  • Offline пристап до пораките преку POP Можност за симнување на вашите пораки преку email клиент, како што се Outlook или Thunderbird.

Промена има и во делот за пишување на нови и одговарање на добиените пораки. Новиот дизајн на Compose делот, односно делот кога испраќате нова порака е редизајниран. Направен е со минималистички дизајн и на него се оставени само основните работи потребни за испраќање на порака. Исто така направена е промена на делот кога одговарате на порака, односно Reply или Forward. Во долниот дел од прозорецот се отвора помал дел преку кој што го пишувате одговорот, наместо целосно нов. Ова е исто така нешто што корисниците на Gmail го имаат веќе одреден период. Како и да е, без разлика дали функциите веќе некој ги има во својот сервис, секогаш се добредојдени, посебно кога се работи се корисни и функционални подобрувања.

Претходна статијаNintendo 2DS – конзола за помладите генерации
Следна статијаНова верзија на myTube за Windows Phone 8
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.