Facebook Watch, конкурентот на YouTube, достапен за сите корисници во светот

Платформата наменета само за видео содржина од Facebook, која беше претставена минатата година, сега е достапна за сите корисници во светот

Facebook Watch е името на видео платформата започната од Facebook пред една година, до оваа недела достапна само за корисниците од САД. Во основа, Watch може да се опише најкратко и едноставно како директен конкурент на YouTube, а за таа цел платформата иако дел од друштвената мрежа, постои како посебен дел посветен специјално само за видео содржината.

Она што ја прави Facebook Watch исто така директна конкуренција на YouTube е достапноста на посебна и ексклузивна содржина од познати креатори, како на пример најавената содржина од Кристијано Роналдо.

Она што нема веднаш да биде достапно за цел свет, односно само во одредени земји, е можноста за заработка од видеата, односно од рекламите кои се прикажуваат на нив.

Инаку, Facebook Watch можете да ја најдете во Facebook апликацијата во делот до којшто се пристапува преку „хамбургер“ менито на најдесната страна. Со најновите промени во апликацијата, доколку почесто ја користите Watch платформата, копчето за истата автоматски ќе ви биде додадено на горната лента до известувањата и другите.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаОдлична израелска серија на Pickbox: „Летот на јунаците“ (“When Heroes Fly”) – Колку сила е потребна за да се изборите за тоа што го сакате?
Следна статијаSamsung во рамки на IFA 2018 претставува “Real 8К” резолуција и “8К AI” зголемување на резолуцијата за “QLED 8K”
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.