Драматичната трилер-серија „Летот на јунаците“ (When Heroes Fly”) е инспирирана од еден од најпродаваните израелски писатели на романи, Амир Гатфројнд, а во неа се работи за четворица пријатели, воени ветерани на една специјална израелска воена единица која по 11 години од крајот на војната повторно се собира заради една многу интимна и деликатна ситуација. Тие се подготвени да поминат низ пекол само за да го најдат својот мир.

Дејството започнува со крајот на Израелско-либанската војна во 2006 година, кога четворицата најдобри пријатели се подготвуваат за конечно враќање во своите домови. Цели единаесет години по завршувањето на воените мисии пријателите врвеле секој по својот пат, секој има сопствени приказни, проблеми и лични трагедии.

Девојката Џели (Нинет Таџеб) е љубовта на животот на момчето Авив (Томер Капон) и сестра е на Даби (Надај Најтес), која исчезнала и за која верува дека е мртва. Но, кога нејзината слика во локалните весници ја здогледува Бенда (Моше Ашкенази), кој живее и работи во Јужна Америка, почнува нивната животна авантура која ги носи во колумбиската џунгла. На тој пат секој од четворицата ќе се соочи со сопствените трауми и со личните психолошки граници.

Награда за најдобра серија на Филмскиот фестивал во Кан

„Летот на јунаците“ е во режија на Омра Гиврона и ја освои годинашната награда на Филмскиот фестивал во Кан за најдобра серија.

„Само ќе му заблагодарам на Бога. Животот на израелската телевизија не е секогаш лесен, но кога имате серија што успеала, тоа е зашто на неа работеле луѓе што си ја сакаат својата работа и затоа сакам многу да им се заблагодарам на сите. Оваа серија ги прикажува последиците на војната и затоа само ќе кажам – водете љубов, а не војна“, рече актерот Томер Капон кого ја прими наградата.

Со особено уверливата глума, посебната обработка на ликовите и со непредвидливото сценарио, оваа серија, снимана во Израел и во Колумбија, е многу страсна и е полна со неверојатни реалистични сцени. Низ епизодите гледачите ќе се сретнат со широка лепеза на емоции и со динамични, неочекувани, напнати но и романтични и тажни сценарија.

Тоа е, всушност, серија за пријателството, закрепнувањето, вторите шанси, загубата, а особено за човечката моќ и сила што стануваат немерливи кога е во прашање љубовта.

Сите 11 епизоди можете да ги гледате од 1 септември на Pickbox.tv, самостојната услуга каде што се достапни сите епизоди. Исто така, можете да го искористите пробниот период од 30 дена во којшто можете да ја гледате целосната содржина сосема бесплатно.

Претходна статијаSamsung во рамки на IFA 2018 претставува неверојатни технолошки откритија кои ја обликуваат иднината на поврзаното живеење
Следна статијаFacebook Watch, конкурентот на YouTube, достапен за сите корисници во светот