Facebook започна со тестирање на ограничена група на корисници нова функција која овозможува да избереме да не ни бидат прикажувани одредени објави врз основа на клучен збор. Објавите со избраните клучни зборови нема да се прикажуваат во рок од 30 дена, по што повторно ќе бидат прикажувани.

Функцијата е наречена Keyword Snooze и до неа се пристапува со притискање на трите точки, односно на менито во десниот горен агол од сите објави. По притискање на опцијата, достапни се предлог клучни зборови извадени од објавата, по што корисникот може да ги избере.

Од Facebook ја промовираат оваа можност како добар начин да се „заштитат“ корисниците од предвремено добивање на одредени информации, на пример за спортски резултати или филмови, односно таканаречени „спојлери“.

На пример, не сакате да го дознаете резултатот од некој натпревар од светското првенство во фудбал, па ќе изберете да не ви бидат прикажувани објави со клучен збор „fifa world cup 2018“.

Иако од компанијата оваа функција ја имаат замислено за оваа намена, корисниците сигурно ќе ја користат за многу повеќе, а сигурно и за тргање на одредени политички објави, како и одредени „досадни“ објави.

Како и обично, доколку тестот помине како што треба, оваа функција може да се очекува да стане достапна за сите корисници, за кога и се најавуваат повеќе опции освен „стишување“ во рок од 30 дена.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаКако би изгледал Windows Mobile направен во стилот на Windows 95
Следна статија„Карпата“ лансираше безжични (и прескапи) слушалки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.