Center
Media: Forbes

Поранешни вработени во Facebook и Google се организираат со цел да им помогнат на децата да се справат со зависноста од друштвените мрежи. Негативните ефекти од друштвените мрежи и технологијата врз општеството се жешка тема во последно време. Организацијата наречена Center for Human Technology ќе работи на подигање на свеста и нус појавите, особено кај најмладата популација.

Тие планираат да лансираат кампања која ќе ја открие „Вистината за технологијата“. Кампањата се спонзорира делумно со буџетот од 7 милиони долари собран преку непрофитната Common Sense Media. Медиумскиот надзорник ќе биде и главниот двигател на кампањата која ќе се спроведува на целата територија на САД. Покрај нив на кампањата се приклучуваат и низа други компании со финансиска помош или отстапување на медијски простор.

Кампањата ќе биде моделирана по примерот на анти-пушачките кампањи кои се покажаа како особено успешни. Се очекува да бидат опфатени 55.000 јавни училишта каде учениците професорите и родителите ќе бидат едуцирани за негативните влијанија од технологијата. Тука примарно се мисли на депресија и други ментални состојби кои се зачестени во последните години, особено кај младата популација. Се верува дека токму технологијата има клучна улога за создавање услови за развој на ментални пореметувања.

ИЗВОРTime
ИЗВОР 2NYT
Претходна статијаИмате бизнис профил на Instagram? Веднаш проверете какви новости има за вас
Следна статијаКонечно има јакна за оние на кои нон стоп им е ладно