Screenshot 3

Гигантот Apple конечно покрај iPhone 6 и 6 plus го претстави својот долгочекуван паметен часовник Apple Watch, a генералната пресуда е дека е повеќе од достоен противник на LG, Samsung, Sony, Pebble и Moto 360. Она што Apple секогаш успева со Steve Jobs или без е да направи уред кој мошне брзо се поврзува со своите корисници на едно далеку поинтимно ниво.

Префинетоста е она што го прави Apple конкурентен, и да направи луѓето да се чувствуваат како да го чекале овој уред целиот свој живот. Така е случајот со паметниот часовник со неофицијално име iWatch. Секако не можеме и премногу да очекуваме, сепак тоа е само мерач на време. Од Apple не измислија топла вода со овој часовник, речиси се’ што има може да се види на повеќе места, но она што знаат да создадат уникатно корисничко искуство.

Па од тука, не е во револуционерноста што Apple ќе придобие голем број на следбеници на овој мал уред, туку во примената на постоечката технологија која пред се’ е направена да биде лична.

Наследувајќи го дизајнот на последната генерација на iPod Nano кој со мали модификации може исто така да биде рачен часовник, Apple Watch е направен за поврзување со блиските. Нивото на комуникација е доста интимно, а за тоа служат и неколкуте симпатични апликации како Sketch, Walkie Talkie, Tap, Heartbeat, а секако тука се и стандардните за мерење на чекори и вежбање.

Screenshot 2

Сите овие нудат интересно и ново ниво на комуникација. Со Sketch користејќи го прстот може да исцртате нешто набрзина и тоа да стигне како порака кај примачот во форма на интересна анимација. Како алтернатива на телефонски повик, може да се користи опцијата Walkie Talkie за праќање на кратки звучни пораки.

Една под поинтересните апликации е Heartbeat со која може да се прати тивок поздрав со допирање на два прста на екранот. Вградениот мерач на пулс снима секвенца од пулсот и го испраќа на најблиските. Часовникот кој може да се користи заедно и со iPhone 5 ја има опцијата за плаќање преку NFC наречена Apple Pay.

Screenshot

Apple Watch беше претставен во две големини, 38 mm и 42 mm. Елегантниот изглед во комбинација со одличниот оперативен систем iOS со сигурност ќе ги привлече сите фанови на Apple.

Покрај стандардните едиции од нерѓосувачки челик и алуминиум, ќе биде достапна и 18 каратна верзија од часовникот. Почетната цена ќе биде од 349 долари, а уредот ќе почне да се испорачува во почетокот на наредната година.

Извор: Apple, The Verge

 

Претходна статијаБета верзија од Opera Mini за Windows Phone достапна за сите корисници
Следна статијаПретворете го вашиот дом во паметен со Ninja Sphere