hero-zack-620x413

На настан кој што се одржа денеска во Flint Center во Cupertino, Apple ги претстави очекуваните два нови модели од iPhone 6, како и исто така очекуваниот, но со помалку неофицијални информации, Apple Watch. Со изборот на местото на настанот, како и поканување и на медиуми од областа на модата, Apple покажа дека сака да остави уште поголем впечаток со и така популарните настани. Исто така Flint центарот е местото каде што се претставени некои од веќе легендарните производи од страна на Steve Jobs.

Како што се очекуваше двата нови модели на iPhone доаѓаат со поголеми екрани од досега користените, нешто што од компанијата мораа да го направат поради се поголемата популарност на ваквите телефони од конкуренција. Двата нови модели ги носат имињата iPhone 6 и iPhone 6 Plus и како што тоа беше досега многу пати најавено, вклучуваат екрани со големина од 4,7 и 5,5 инчи. Ова слободно може да се каже дека е голема промена за познатиот Apple телефон кој што од компанијата го задржаа во прилично мали димензии колку што можеа подолго.

Што ново донесуваат новите iPhone 6 и iPhone 6 Plus ?

Првата работа која што се забележува кога ќе ги погледнете новите модели, покрај се разбира нивната големина, е и неговиот дизајн. Како што веќе најавивме, новите iPhone 6 модели доаѓаат со стилот на дизајн сличен со тој на iPod Touch, како и новите iPad модели. Дизајнот се одликува со поголема заобленост на ќошевите на телефонот, а целиот уред изгледа покомпактно од претходниците. Двата уреди се исто така потенки од претходната генерација, што е и очекувано со оглед на големината и дизајнот. Задната страна е направена од алуминиум, додека од страните се направени од нерѓосувачки челик.

iPhone 6 доаѓа со 4,7 инчен IPS екран со нестандардната резолуција од 1334 на 750 пиксели, а густината на пикселите е зголемена на 326 ppi. Програмерите ќе треба да ги прилагодат своите апликации за поголемата резолуција, меѓутоа од Apple најавија дека не треба да се очекуваат никакви проблеми поради одличното можност за scaling која што е вклучена.

6plus

iPhone 6 Plus доаѓа со поголемиот 5,5 инчен екран, што го става во категоријата на phablet уреди, нешто што му овозможува додатна функција во iOS 8 која што не беше најавена на претставувањето на оперативниот систем. Кога го користите овој модел во landscape режимот, тој почнува да се однесува до некаде повеќе како помал iPad, отколку како телефон.

Двата модели доаѓаат со новиот A8 64-битен процесор кој што овозможува подобри перформанси и е направен во 22nm технологија за производство. Исто така вклучена е и нова генерација од M8 ко-процесорот кој што е наменет за фитнес апликациите, односно за следење на движењата на корисникот. Овој процесор е унапреден со попрецизна способност за мерење, како и со нови функции, како што е можноста за мерење на издигнувањето.

Новите модели доаѓаат со NFC поддршка со што е претставен и нов сервис за плаќање од страна на Apple наречен Apple Pay. Ова е систем за плаќање преку оваа технологија посебно развиен од страна на Apple, се разбира.

Камерата на уредите е со 8 мегапиксели, како и 2,1 мегапиксел на предната камера. Според Apple, камерата доаѓа со подобрен сензор, како и оптичко стабилизирање на сликата на поголемиот модел.

iPhone 6 и 6 Plus доаѓаат во верзии од 16, 64 и 128 GB меморија, што е повеќе од минатите модели, а исклучен е и изборот на 32 GB.

Извор: ZDNet, Engadget, Engadget 2

Претходна статијаСоларни панели од наредната генерација речиси невидливи за човечкото око
Следна статијаБета верзија од Opera Mini за Windows Phone достапна за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.