samsung-gear-s-lifestyle

Samsung продолжува со претставување на нови модели на паметни часовници и може да се каже дека моментално имаат најголем избор од сите компании. Нивните паметни часовници доаѓаат во разни форми, наменети се за различни корисници, а работат и на различни оперативни системи.

Samsung Gear S е паметен часовник кој што доаѓа со 2 инчен заоблен Super AMOLED екран со резолуција од 360 x 480 пиксели. Не работи на Android Wear како неколкуте модели претходно претставени, туку на исто така веќе познатиот Tizen оперативен систем прилагоден за вакви уреди. Она што го издвојува овој часовник од повеќето други е вклучувањето на 3G конекција во самиот часовник, што значи дека иако може да работи преку поврзување со мобилен телефон, тоа не е неопходно. Со Gear S можете да правите и да примате повици, да добивате нотификации, но исто така доаѓа и со Bluetooth конекција преку која што можете да го поврзете со мобилниот телефон, па да го користите како и повеќето други паметни часовници.

samsung-gear-s

Часовникот доаѓа со поддршка за Facebook, а исто така интересно е што за навигација е избрана HERE апликацијата од Nokia, наместо стандардните Google Maps. За одговарање на пораките вклучена е и тастатура, која што доколку за некои корисници е мала, може да го користат часовникот преку гласовни команди со S Voice функцијата. Gear S исто така е наменет да го користите и како фитнес уред, па ги вклучува можностите од S Health апликацијата, како и потребните сензори за таа намена.

Од останатите карактеристики, Samsung Gear S вклучува и 1,2 GHz двојадрен процесор, Wi-Fi, музички player, Nike+ апликација за фитнес, IP67 отпорност од прашина и вода, акцелерометар, жироскоп, компас, сензор за пулс, барометар, осветлување, како и 512 MB RAM меморија и 4 GB внатрешна меморија. Батеријата која што е вклучена со часовникот е со капацитет од 300 mAh и од Samsung тврдат дека може да издржи до два дена на користење.

Извор: Samsung, The Verge

Претходна статијаFacebook воведе таргетирање врз основа на брзината на интернетот на корисниците
Следна статијаSamsung претстави слушалки кои што се закачуваат околу вашиот врат и вибрираат за нотификации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.