Research project Highly automated driving on highways - Dr. Nico Kдmpchen on a test drive (08/2011)

Автономните возила во кои ќе можеме со часови да „дремеме“ на чет клиентите и по новостите на Facebook и Instagram се зад аголот – скоро секоја компанија развива свој систем, со кој ќе го ослободи возачот од тоа да треба да го управува автомобилот. FiveAI е нов стартап од Британија, кој ветува дека ќе има систем многу понапреден од оние на Google и Tesla на пример.

FiveAI не е ново име во секторот на технологијата – тие досега имаат веќе неколку успешни нови технологии со вештачка интелигенција во своето портфолио и затоа треба да се сфатат мошне сериозно. Идејата зад нивниот систем за автономно возење е вештачката интелигенција, нормално, што значи дека автомобилите ќе можат да учат со текот на времето.

Системот ќе работи така што ќе собира податоци од сите автомобили и потоа ќе ги искористи за „учење на машината“ на еден централен компјутер, знаење кое потоа ќе може да се искористи за автомобилот секогаш да знае што треба да направи во одредена ситуација. Разликата во однос на останатите вакви системи е што тој на FiveAI ќе ги има скоро сите веројатности достапни веднаш и како тие ќе влијаат на тоа што ќе го направи автомобилот во некоја дадена ситуација.

Системите на останатите производители пак се ослонуваат на пресметување на веројатностите во дадениот момент, што одзема подолго време, а згора на тоа не секогаш мора да значи дека автомобилот ќе ја преземе вистинската акција. Најблизу до системот на FiveAI е оној на Google, кој ја користи моќта на „облакот“ за црпење на информации, но останатите, вклучувајќи го и оној на Tesla, засега се само помошни системи – возачот и натаму мора да ги има рацете на воланот.

Од FiveAI велат дека сакаат целосно да го тргнат возачот од обврската да го вози автомобилот, нешто што е збунувачко кај останатите технологии – Tesla ја нарекува својата автопилот, што ги опушта возачите да ги тргнат рацете од воланот, но реално се работи за систем кој не е подготвен сам да го вози автомобилот.

Колку FiveAI е сериозен ќе видиме наредниве неколку години – засега тимот има фонд 2,7 милиони долари, што делува како многу, но е само капка во морето ако се спореди со развојот на автономен систем со вештачка интелигенција на гигантот Toyota, која ќе оддели 1 милијарда долари за него.

Едно е сигурно – трката меѓу производителите и помалите софтверски компании дефинитивно ќе го забрза развојот на автономните автомобили и тие многу побрзо ќе се појават на нашите патишта.

Извор: Forbes, Venture Beat, TechCrunch

Претходна статијаStar Trek: Discovery е името на новиот серијал од култната серија
Следна статијаSnapdragon 830 ќе донесе голем скок во перформансите, пристигнува на почетокот на 2017