star-trek-discovery

Ајде Трекери, време е да ви зачукаат срцињата повторно – Star Trek се рестартираат, а името на новиот серијал ќе биде Star Trek: Discovery. Прекрасни вести, нели?!

Погодивте, новиот вселенски брод во фокус ќе се вика USS Discovery (нормално, се работи за американски вселенски брод) и ќе можеме да го гледаме во 2017-та година на CBS TV, како и преку Netflix во нашата земја.

Капетаните од овој серијал ќе бидат Алекс Курцман, кој заедно со Џ. Џ. Абрамс ја преработија серијата овојпат, и Брајан Фулер, писателот позади серијата „Ханибал“. Инаку Фулер сам изјави дека е многу голем обожавател на Ѕвездени патеки, а неговата писателска кариера ја има започнато токму со „Deep Space Nine“ и „Voyager“.

Ова се одлични вести за сите обожаватели на Ѕвездени патеки. Веројатно сите се сеќаваме кога залепени пред екраните ги очекувавме да ја пуштат новата епизода каде капетанот на „USS Enterprise“ или „USS Voyager“ се среќаваше со нови предизвици во вселената, нови патеки, нови видови (од кои некои не беа секогаш пријателски) и секогаш во името на човештвото.

Тоа очекуваме да се повтори, особено зошто Фулер изјави на конференцијата по повод новиот серијал дека „Осеќам дека новиот серијал мора да продолжи да биде прогресивен, да продолжи да ги притиска границите“ (само се надевам дека не мисли на „прогресивен“ како денешните американски „либерали“/„прогресивци“).

Повторно ќе одиме храбро каде никој претходно не бил!

Дополнителни информации: CNet, CNet 2, ABC News, Collect Space

Претходна статијаSamsungOne – нов фонт кој компанијата ќе го користи во своите производи
Следна статијаБритански стартап го развива најнапредниот систем за автономни возила