Компанијата Google во моментов тестира код во својата Chrome за Android апликација со помош на кој ќе може да се „лепи“ (paste), без да има потреба да се копира (copy). Алатката има примарна цел да ги користи информациите кои му се потребни на корисникот, а до кои тој дошол со користење на Chrome  пребарувачот, за да му олесни пристап до други информации преку други апликации.

Кажано на поедноставен начин, доколку преку вашиот Chrome сте пребарувале информации во врска со извесен ресторан, доколку потоа ја отворите апликацијата Maps, да речеме, за да ја најдете локацијата на ресторанот, во лентата каде би требало да го внесете името на ресторанот, истото ќе се појави како сугестија. Податоците кои ќе ги користи алатката се зачувуваат локално и Google нема да има пристап до нив.

Алатката доаѓа како „одговор“ на она што Apple го развива во слична насока, како сугестии во врска со кратки текстуални содржини, најчесто адреси. Во моментов се работи на тоа алатката да биде вклучена во сите верзии на Chrome за Android. Сепак, за почеток, алатката нема да биде достапна доколку пребарувате во „incognito“ или доколку поседувате прилично постар уред кој поддржува постара верзија на Chrome.

Извор: VentureBeat

Претходна статијаЗа Windows 10 интересот спласнува, за 7цата расте?
Следна статијаLinkedIn регистрираше 500 милиони корисници