Социјалната мрежа, LinkedIn, регистрираше нова пресвртница во својата кариера како специјализирана мрежа за поврзување на луѓе од бизнис сферата, регистрирајќи го својот 500 милионити член.

Откако компанијата стана дел од корпорацијата Microsoft минатата година во декември, за цена од 26,2 милијарди американски долари, недостасуваа детални информации во врска со работењето на социјалната мрежа и нивниот напредок како одделна фирма.

Меѓутоа, од LinkedIn не издржаа да не се пофалат преку еден од нивните блогови дека успеале да заокружат уште една успешна етапа во работењето со регистрирањто на половина милијарда корисници во дури 200 земји во светот.

Што се однесува пак до анализите на месечните активни корисници, бројките не се воодушевувачки, меѓутоа не може да се занемари користа која голем број луѓе во светот ја имаат токму од сервисите кои LinkedIn ги нуди.

Со цел да се зголеми времето поминато на сајтот од страна на корисниците, но и воопшто да се популаризира поврзувањето помеѓу нив, LinkedIn претставува мала, но корисна промена. Наскоро, корисниците ќе добиваат корисни, би можело да се рече статистички информации во врска со другите корисници во „мрежата“.  Новината ќе биде додадена во табот „My Network“. Помеѓу новите податоци се споменуваат „најповрзаниот“ контакт кој го имате, најмногу интеракции, заеднички конекции и сл.

Новитетите беа претставени под „маската“ на одбележување на 500 милионитиот член, меѓутоа сосема извесно ќе станат дел од регуларниот интерфејс на LinkedIn доколку се покажат како корисни.

Сосема е безбедно да се заклучи и дека LinkedIn ги поприма елементите на останатите неспецијализирани социјални мрежи, кога се однесува до рекламирањето. Во секој случај истото за почеток може да има само позитивен ефект и да доведе до дополнително популаризирање на мрежата.

Новини и подобрувања дополнително ќе можат да се очекуаат во уште позабрзано темпо, бидејќи конкуренцијата, Facebook, неуморно работи на создавање жежок терен, од што во крајна линија ќе профитираат корисниците.

Извор: TechRunch

Претходна статијаGoogle тестира „читач на мисли“
Следна статија5то јубилејно издание на NASA Space Apps Challenge