Скопје, 24. Февруари 2017. – Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.), светскиот лидер за напредна технологија за полупроводници, го најави појавувањето на пазарот на својот најнов премиум процесор за апликации (AP)Exynos 8895 од серијата 9. Ова е првиот процесор на Самсунг кој користи технологија на 10-нанометарски FinFET процеси, со унапредена 3D структура на транзистор која овозможува подобри перформанси, а истовремено троши 40% помалку електрична енергија во споредба со 14-нанометарската технологија.

Покрај тоа што е изграден на најнапредна технологија на 10-нанометарски FinFET процеси, новиот Exynos 8895 од серијата 9 може да се пофали и со најновите Самсунг технологии, како специјално дизајнираните централни процесорски единици (CPU) од втора генерација и гигабитниот LTE модем. Exynos 8895 ќе служи како придвижувач на иновациите за следните генерации паметни телефони, VR очила и системите за информирање и забава во возилата.“, изјави Бен Хур, Потпретседател на Дивизијата за Маркетинг LSI системи, Самсунг Електроникс.

Новиот Exynos 8895 од серијата 9 е првиот процесор од овој вид со гигабитен LTE модем кој обединува пет провајдери (5CA). Овој модем овозможува брз и стабилен проток на податоци при максимална брзина од 1 Gbps во превземањето од мрежите со 5CA и 150 Mbps во поставувањето на мрежи со 2CA.

Exynos 8895 е осмојадрен процесор кој се состои од четири посебно дизајнирани CPU јадра од втора генерација за подобрени перформанси и подобра енергетска ефикасност, со четири Cortex®-A53 јадра. Дизајниран е на начин да овозможува брза обработка на податоците за широк спектар на примена, како што се вештачката интелигенција и машинското учење.

Исто така, Exynos 8895 овозможува уште поголемо уживање во мултимедијалните содржини со својот моќен графички процесор (GPU) и мултиформатните кодеци (MFC, multi-format codec), како и следната генерација перформанси во областа на 3D графиката, која ја намалува латенцијата за 4к UHD VR содржините и игрите, заедно со најновиот графички процесор на ARM® – Mali™ G71.

Exynos 8895 процесорот поддржува снимање и репродукција на видео снимки при максимална резолуција од 4K UHD на 120fps, додека технологијата за обработка на видео содржините обезбедува напредно ниво на квалитетот на сликата. На пример, Exynos 8895 придонесува за реалистично искуство на виртуелната реалност во 4к резолуција, што овозможува корисникот целосно да ужива во содржината.

Овој процесор има одвоена процесорска единица која ја зголемува безбедноста за мобилни плаќања кои користат препознавање на ирисот или на отпечатоците на прсти, како и дополнителна единица за обработка на сцената (Vision Processing Unit – VPU) која може да препознае предмети или движења, со што се подобрува видео следењето, обработката на панорамските фотографии и технологијата за машински вид.

За повеќе информации за Samsung Exynos производите посетете ја страницата: www.samsung.com/exynos

Претходна статијаSony ја лансира најбрзата SD картичка во светот – чита и впишува податоци брзо колку SSD
Следна статијаToyota го пушти во употреба првиот автобус на водород