cyxu-v0weaantcn

Најпознатата фотографска платформа во светот Инстаграм денес брои дури над 500 милиони корисници кои секојдневно постираат и споделуваат фотографии со своите пријатели односно следбеници. Инстаграм во последно време е свртен кон развивање на новата опција наречена Instagram stories.

Секој корисник од својата мобилна апликација инстаграм може да прикачи привремена слика, видео или бумеранг во делот наречен stories која после 24 часа автоматски се брише. Исто така  достапна е и опција со која корисниците можат да испраќаат приватни слики до своите следбеници кои се бришат откако ќе бидат отворени. Овие две опции се достапни кај апликацијата снепчет (snapchat), уште од почетокот на нејзиното постоење, што укажува на фактот дека инстаграм влегува во директна битка со оваа мегапопуларна апликација за придобивање на што повеќе корисници. Но со воведувањето на овие опции во инстаграм мобилната апликација корисниците започнаа да се загрижуваат и интересираат, дали инстаграм следи било какви активности со кои се нарушува приватноста на луѓето кои секојдневно ја користат оваа платформа.

Во јавноста протече инофрмација дека и инстаграм по примерот на снепчет воведе нотификација со која корисникот се известува кога некој од неговите следбеници направил screeshot на негова слика или видео. Оваа информација може да се смета за делумно точна бидејќи фотографската платформа ќе испраќа нотификации до корисниците само кога е направен screenshot на слика или видео кои се дел од Instagram директните пораки кои се привремени.

Од инстаграм нема да го евидентираат правењето на screenshot на слики кои се дел од гридот на друг корисник. Затоа не плашете се вашата симпатија нема никогаш да дознае за вашето тајно зачувување на слики од неговиот профил.

Извори: The Verge, NDTV

Претходна статијаCareer Fair на Правниот факултет во Битола
Следна статијаПолитичкото влијание на Социјалните Мрежи