Една од најпопуларните социјални мрежи за споделување фото и видео содржини Instagram, во февруари годинава им претстави на своите корисници нова функција со која се овозможуваше споделување на повеќе фотографии одеднаш, во така наречениот „албум“. Во „албумот“ корисниците можеа да споделат максимум од 10 фотографии, единствено во квадратен формат (square format).

Во меѓувреме, Instagram ја надополнува оваа функција, откако се увиде дека е особено популарна кај корисниците, па така, со новото надополнување на апликацијата, корисниците ќе можат сами да го бираат форматот на фотографиите кои ќе бидат вклучени во „албумот“.

Меѓутоа, со новите измени, корисниците нема да бидат во можност да комбинираат повеќе формати во еден албум. Тоа би значело дека во одреден албум би можеле да се најдат само фотографии од форматот панорама (landscape) или пак портрет (portrait).

Во секој случај, новината се чини како позитивна во насока на олеснување на споделување на поголем број на содржини или пак нивно полесно групирање.

Претходна статијаIntel претстави нов чип фокусиран кон вештачката интелигенција
Следна статијаЗлонамерен софтвер кружи преку Facebook Messenger