WP_20150228_18_25_29_Rich

Можеби за одредени луѓе ова е веќе позната информација, а во овој случај доаѓа од една случка раскажана од страна на Paavo Siljamäki, директор на издавачка куќа. Тој во една прилика бил во канцелариите на Facebook во Los Angeles, каде што него и на други луѓе им било држено предавање за како најдобро да ја користат социјалната мрежа.

За потребите на објаснувањето, од Paavo била побарана дозвола да се пристапи до неговата Facebook сметка, нешто за кое што не било потребно тој да ја даде неговата лозинка. Facebook инженерот кој што ги објаснувал работите директно се најавил на неговата сметка, без да треба да ја внесе неговата лозинка.

За овој случај, како и можноста за пристап до сметките на корисниците објаснување имаат побарано од порталот VentureBeat. Тие го имаат добиено следното објаснување од страна на Facebook.

Ние имаме ригорозни административни, физички и технички контроли кои што го ограничуваат пристапот на вработените до корисничките податоци. Нашите контроли се проценети од страна на независни трети страни и се неколку пати потврдени од страна на канцеларијата на ирскиот комесар за заштита на податоци како дел од нивната ревизија на нашите практики.

Пристапот е направен да биде на нивоа и е ограничен според работната функција и одредени вработени можат да пристапат до онолку информации колку што се потребни да ги извршат нивните работни задачи, како што е одговарањето на пријави за багови или барања за поддршка на сметката. Две посебни системи се воспоставени за забележување на сомнително однесување и овие системи креираат извештаи еднаш неделно, и истите се прегледувани од два независни сигурносни тимови.

Ние имаме „нула толеранција“ пристап на злоупотреби и несоодветно однесување резултира со отказ.

 

Извор: VB

Претходна статијаPayPal ја прекина работата со Mega на Kim Dotcom
Следна статијаВидео со HTC One M9 протече на интернет на еден ден пред официјалното претставување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.