Facebook, како што „за жал“ знаеме повеќето, е главната занимација на повеќе од 2 милијарди луѓе во светот. Оваа друштвена мрежа секојдневно ја отвораме со цел да ги добиеме дневната доза на информации, новости, смешки и слично.

Ова направи да оваа компанија заработува огромни пари од сопствениците на страни кои по промените пред повеќе од 4 години, мораат да платат за да корисниците ја видат нивната содржина. Тоа е така затоа што Facebook направи да само мал процент од корисниците коишто имаат лајкнато одредена страна, ги гледаат сите објави од таа страна.

Сега Facebook тестира промена која што дополнително ќе направи да сопствениците на страните мораат да плаќаат за нивната содржина биде видена на мрежата.

Конкретно се работи за поделба на листата со новости која сега ја вклучува содржината како од пријателите, така и од страните кои се лајкнати. Промените ќе ја поделат оваа содржина, па корисниците ќе продолжат да ја гледаат само содржината од нивните пријатели.

Доколку сакаат да ја видат содржина од страните кои ги имаат лајкнато, ќе мора да ја отворат втората листа со новости.

Ова ќе придонесе, односно веќе придонесува во земјите каде што се тестира можноста, за дополнително намалување на достапноста на објавите од страните, па тие ќе мора дополнително да платат за истата да биде прикажана на „стандардната“ листа со новости.

Земјите во коишто се тестира оваа можност моментално ги вклучува Боливија, Камбоџа, Гватемала, Србија, Словачка и Шри Ланка.

Од Facebook истакнуваат дека не планираат да го прошират тестирањето на остатокот од светот, па не е ни познато дали и кога овие промени би биле официјализирани.

Извор: VB, Reuters, ZDNet

Претходна статијаOnePlus 5T ќе има 6 инчен 18:9 дисплеј со минимална рамка?
Следна статијаТЕХНОМА 2017 и Скопски Саем на нова локација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.