Изгледа истражувањата на Facebook покажуваат дека корисниците се’ почесто ги користат своите камери како замена за обично пишување на текст, затоа што со најновата верзија од Messenger, токму камерата е ставена напред во центарот на вниманието на апликацијата.
Како главна новина е новата верзија од камерата која сега не е тука само да направи обична слика или видео. Истата е збогатена со можност за додавање на ефекти кои корисниците може да ги додадат на сликите, но и на видеата во вистинско време.
Ефектите, како што и би очекувале, вклучуваат можност за додавање на текст, цртање, како и разни готови графички елементи.
Овие слики и видеа потоа може да бидат испратени како порака на пријателите, посебно или во група.
Она што е ново е можноста ваквите слики и видеа да бидат објавени во нов дел од Messenger наречен My Day, кој во основа е нешто слично на Instagram Stories. Објавените слики или видеа во My Day се прикажуваат на сите ваши пријатели, а истите ги снемува после 24 часа.
Покрај промената на функционалноста на самата камера, истата сега е додадена да биде многу поистакната во самата апликација. Ќе забележите дека главниот екран на Messenger е променет да изгледа како да стои над погледот од камерата, а до истата може да се пристапи со повлекување на листата со разговори надолу.
Ваквиот потег на Facebook покажува колку се популарни конкурентите како Snapchat кои од самиот почеток имаат вакви или слични функции, со што и станаа популарни.
Сигурни сме дека на голем дел од корисниците нема да им се допаднат промените, а посебно доколку Messenger им е само еден вид на одлична замена за SMS пораки, па сите овие додатни функции се непотребни.
Извор: Facebook