Како што постепено стана повеќе од обична социјална мрежа на која корисниците споделуваат слики и коментари, Facebook стана сериозен извор на информации. Тие како што на повеќето од нас ни е познато доаѓаат од огромниот број на веб страни секојдневно споделувани на социјалната мрежа, од корисниците, како и од нивните сопственици.

Ова очекувано доведе до ситуација да се и сешто се споделува на мрежата, па корисниците се изложени на секакви веб страни, од квалитетни, до такви кои нудат, како што истакнуваат од Facebook, ниско-квалитетно корисничко искуство.

Од компанијата за вакви веб страни ги сметаат тие кои немаат квалитетна и проверена содржина, содржат огромен број на реклами кои доаѓаат во преден план, а често имаат и малициозни линкови.

Сигурно нема некој од нас кој не знае за што зборат од Facebook, со оглед на фактот што вакви веб страни се повеќе има.

Од компанијата истакнуваат дека имаат направено дополнителна промена на нивниот „познат“ алгоритам кој сега со помош и на вештачката интелигенција ќе почне послабо да ги рангира линковите до ваквите веб страни. Тоа значи дека ваквите линкови ќе се прикажуваат подолу на листата со новости, што може да значи некои корисници воопшто и да не ги видат.

Промените во алгоритамот ќе почнат да имаат ефект во наредните неколку месеци. Сопствениците на Facebook страни кои немаат вакви веб страни може да очекуваат зголемување на прикажувањата на сметка на истакнатите страници.

Извор: Facebook, The Verge

Претходна статијаMicrosoft го лансира “Cortana Skills Kit”, очекувајте многу паметни уреди со Cortana
Следна статијаWindows 10 инсталиран на 500 милиони уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.