Минатата недела ви го претставивме Thorne Wallet, паметен паричник развиен од страна на тим на дечки од Македонија кои моментално живеат и работат во Кина.

Како што би очекувале, во денешно време на „опаметување“ на повеќето обични производи, овој паметен паричник ги вклучува следните карактеристики:

  • Интегриран Power Bank
  • Wireless полнач
  • GPS Tracker
  • Hard Drive од 32 до 128 GB
  • RFID заштита
  • Кабел за Android и iOS уреди

Продажбата на паметниот паричник ќе започне од понеделник, односно 17 јули и ќе може да се нарача преку Indiegogo, каде што ќе биде објавена кампањата за финансирање на производот.

Повеќе информации за паричникот може да се добијат преку официјалната страна, како и преку следното видео.

Претходна статијаMicrosoft ја заврши поддршката за Windows Phone опертивниот систем
Следна статијаDell Latitude 7285 е првиот таблет/лаптоп со безжично полнење
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.