Samsung произведе климатизер кој ја одржува температурата на просторијата без да создава провев. Со новиот производ именуван AR9500M, компанијата примарно очекува да оствари позитивни резултати на латино-американскиот пазар. Се работи за климатизер, на прв поглед, ни малку различен од традиционалните, меѓутоа опремен со технологија која ја контролира температурата без вообичаениот провев.

Новиот климатизер се издвојува по тоа што го напушта концептот на директно испуштање на ладен или топол воздух во вид на „ветер“ во просторијата што од праксата се покажа како штетно по здравјето на луѓето кои се во просторијата.

Со новата технологија, темепературата на воздухот се контролира така што воздухот се испушта бавно со брзина не поголема од 0.15 м/с. Покрај тоа што на овој начин се заштитува здравјето на луѓето, со користење на овој мод, потрошувачката на електрична енергија се намалува за 72%.

Понатаму, новиот дизајн на самиот уред се издвојува од неговите претходници. Имено, новиот дизајн нуди поголема површина преку која климатизерот собира воздух, топол или ладен, за на негово место да вбризга нов со што за рекордно време ја постигнува посакуваната температура. Контролата врз уредот може да се оствари преку апликацијата Samsung Connect, па така корисникот ќе може далечински да управува и да има увид во перформансите на уредот.

Како тоа изгледа во пракса можете да погледнете на видеото:

Извори: Samsung Newsroom, Asian Age

Претходна статијаMicrosoft Edge надмина 330 милиони активни уреди
Следна статијаMoto C е најевтиниот смартфон со чист „ванила“ Android