capture

Засега, поголемиот дел од компаниите кои развиваат „Вештачка Интелигенција“ користат графички чипови, кои се подобри за „длабоко“ учење, кое бара помала прецизност. Сепак, со оглед на тоа дека развојот на чиповите за нашите компјутери ќе се движи токму во насока на подобрување на вештачката интелигенција, логично е и влегувањето на најголемиот производител на процесори за компјутери и сервери во светот, Intel.

Влезот на Intel во светот на вештачката интелигенција е забрзан со новата Nervana AI платформа, која е резултат на купувањето на Nervana Systems од страна на Intel. Со купувањето на оваа компанија и напорите кои ги прави Intel за забрзување на развојот на вештачката интелигенција, тие ветуваат дека во наредните три години ќе донесат компјутери кои ќе можат да учат 100 пати побрзо од досегашните.

ai-day-slide-small-1067x600-640x360

Иновациите кои ги донесува Nervana AI ќе бидат искористени за оптимизирање на таканаречените нервни мрежи. Тие ќе имаат многу поголема густина со интерконекција со висок и брз проток на информации. Оваа технологија ќе се имплементира заедно со Xeon Phi процесорите, а ќе биде опремена со HBM меморија со чипови со капацитет од 32 GB.

Новите Knights Mill Xeon Phi чипови, според Intel ќе бидат 4 пати побрзи во однос на нивните претходници наречени Knights Landing. Овие чипови ќе работат со 80-битна прецизност, што е многу повеќе во однос на актуелните решенија за вештачка интелигенција, кои работат со 8 или 16 битни калкулации.

Извор: ExtremeTech, BetaNews, V3

Претходна статијаНатпревар за изработка на „Паметна автобуска постојка“
Следна статијаBlack Mirror ни овозможува да ѕирнеме во нашата иднина