Смартфоните кои имаат дисплеј кој може да се преклопи веќе долго време се во најава. Очекувано, првите производители кои ќе лансираат вакви паметни телефони се Samsung и LG, кои тоа веројатно ќе го направат уште втората половина на оваа година.

Поточно, Samsung ќе биде прв со ваков уред – тие ќе го претстават уште во третото тримесечје од годината и според претпоставките, планираат производство на 100.000 вакви телефони. LG пак планира претставување во четвртото тримесечје од годината.

Но, како ќе изгледаат и што ќе прават тие смартфони? Оној на LG е сѐ уште мистерија, но тој на Samsung веројатно ќе има голем 7 инчен дисплеј кога ќе биде отворен. Сепак, смартофнот ќе може да се преклопи на половина и дисплејот ќе гледа нанадвор.

Ова ќе го направи прилично компактен за носење во џебот, а истовремено ќе овозможи квалитетно гледање мултимедијални содржини со отворање на телефонот. Поточно, во овој случај корисникот ќе има паметен телефон и 7 инчен таблет во едно пакување. Името на телефонот би требало да биде Galaxy X1, што значи дека Samsung понатаму ќе продолжи да ја шири понудата на овие телефони.

Ваквите смартфони би можеле да направат вистинска револуција на пазарот на паметни телефони и воопшто на начинот на кој ние ги користиме. Останува само да видиме какви се идеи производителите имаат во своите развојни планови.

Извор: Venture Beat, The Next Web, BGR

Претходна статијаДоаѓа првиот Godzilla аниме филм
Следна статијаAlphabet го укинува проектот за соларен дрон