foldable-screen

Фанови на научната фантастика, но и сите вљубеници во футуристичката технологија, имате причина за радост – многу наскоро ќе ги добиеме првите паметни телефони кои ќе можат лесно да се виткаат, односно склопат, како и целосно транспарентни екрани, знаете, оние од научно фантастичните филмови. Иднината е зад аголот!

Денес сме веќе сведоци на неколку модели на паметни телефони со искривен екран, како на пример новиот Samsung Galaxy S6 Edge, кој е искривен на рабовите, неговиот постар брат Galaxy Note 4 Edge, но и целосно заоблениот LG G Flex 2. Ова значи дека технологијата кај екраните, односно оние со OLED технологија, веќе е спремна за тоа, но за да имаме целосен телефон кој ќе може да се витка, тоа треба да може да го прават и другите компоненти.

Ако веруваме на изјавите на Samsung , првите такви телефони ќе може да ги видиме уште наредната година, но без дополнителни податоци за тоа колку ќе може да се свиткаат, односно да се склопат. Како и да е, ваквиот развој на настаните дефинитивно ќе отвори нова ера во развојот на дизајнот но и употребливоста на паметните телефони, кој се нема помрднато од таа позиција веќе скоро 10 години.

LG, пак, најави лансирање на транспарентни дисплеи нареднава година. Ваквите екрани веќе ги има во многу луксузни автомобили, каде сликата се проектира на предното стакло, како и кај авионите и некои билборди. Не би можеле да кажеме колку ова решение е навистина корисно за монитор на кој би работеле, но транспарентен паметен телефон и тоа како може да го подобри четувањето додека одиме по улица, бидејќи ќе може да ги гледаме и препреките кои ни се на патот.

И двете технологии можат да направат целосна промена во тоа како ги користиме нашите паметни телефони, односно таблети и ќе овозможат уште помали уреди додека се затворени, односно поголеми екрани додека се отворени. Паметен телефон кој може да се претвори во таблет, односно таблет кој може да се претвори во поголем лаптоп. Едвај чекаме!

Извор: TechRadar

Претходна статијаAction Launcher 3 – Добра Lollipop површина за вашиот Android мобилен уред
Следна статијаApple патентираше тастатура на допир со механички фидбек