По којзнае кој пат, можеме веќе дефинитивно да потврдиме дека дизајнот на iPhone 8 кој веќе два месеци кружи низ интернет мрежата ќе биде финалниот. Сега, дознаваме и дека дисплејот ќе има дефинтивино големина од 5,8 инчи, што го прави поголем од сите iPhone-и досега, но благодарение на помалата рамка, тој нема да има многу големи димензии, особено споредено со големината на дисплејот.

Она што веднаш паѓа во очи на новите протечени фотографии од SlashLeaks е малата рамка околу смартфонот. Сепак, за разлика од Galaxy S8 на пример, чија странична рамка е незабележлива, тука дефинитивно може да се види црн дел кој го оцртува смартфонот, иако тој е навистина минимален. Во горниот дел на телефонот пак ќе има засек во кој ќе бидат вградени камерата и предните сензори, што е интересна одлука од страна на Apple, а истиот ќе биде достапен и во нова боја, односно златната ќе биде повеќе „бакарна“.

Интересен новитет од овие фотографии е тоа како ќе биде решен софтверот. Имено, за да се искористи поголемиот дисплеј, Apple во долниот дел на iOS ќе вгради посебна лента наречена Function Area, во која ќе може да се стават неколку апликации, да пристигнуваат нотификации или на пример да може да менувате песни кога свири музичкиот плеер. Оваа лента е особено интересна зошто веројатно нема да биде достапна на другите iPhone-и, односно 7S и 7S Plus.

Извор: Forbes, Slash Leaks, Esquire

Претходна статијаEssential Phone почнува со продажба на 25 август
Следна статијаYouTube воведува споделување на видеата директно во апликацијата – со тоа станува и апликација за разговори