Во светот на технологијата, скоро секогаш еден производител е зачетник на нов тренд. На пример, иако и пред iPhone имаше смартфони, токму телефонот на Apple ги популаризираше, особено онаа форма со голем дисплеј на допир. Истото важи и за iPad таблетот, кој иако не беше пионер, направи вистински бум на пазарот со своите карактеристики.

Сепак, во една друга категорија наречена „2 во 1“ уреди, кои можат да се користат и како таблет и како лаптоп, Microsoft беше пионерот со Surface линијата.

Според тоа, може слободно да се каже дека со iPad Pro линијата, Apple на некој начин го копира Microsoft и нивните идеи за хибриден уред кој го има најдоброто од двата света. Ова во интервју за Business Insider го кажа и Рајан Гевин, генерален менаџер во Microsoft, кој изјави дека иако сите биле скептични за Surface Pro линијата кога била лансирана, сега сите го следат примерот и дури и Apple, кој го следи примерот на „2 во 1“ уред.

Тој потоа продолжува дека главната предност на нивната Surface линија е што во ниту еден дел не копира некаков Apple продукт, нешто што долго време го правеше Android конкуренцијата на пример, и во светот на смартфоните и на таблетите.

Сепак, иако iPad Pro се обидува да биде своевиден „2 во 1“ компјутер, односно таблет и лаптоп, според многумина му недостасува флексибилност на вистински лаптоп, дури и ако ја купите дополнителната тастатура. Ова се донесува пред се на софтверот – iOS е се подобар и подобар за професионално користење, но и натаму не е идеален за сериозна работа, односно нема доволно такви апликации а и нема ниту добра поддршка за маус.

Извор: Business Insider, CNET, Phone Arena

Претходна статијаMicrosoft пушти безбедносна надградба за корисниците на Windows XP, против WannaCry вирусот
Следна статијаСамсунг Електроникс го проширува своето портфолио на паметни Signage дисплеи со оперативен систем Тизен 3.0