WordPress слободно може да се каже дека е главната платформа преку која функционираат веб страните во денешно време. Оваа платформа која веќе одамна не се користи само за блогови, е основа за работата на повеќе од 30% од сите веб страни на интернетот, според некои статистики. Се разбира тука пишуваме за WordPress како платформа која се користи за страни кои корисниците сами си ги хостираат, а не платформата за блогирање достапна на wordpress.com.

Овој процент, којшто продолжува да се зголемува, ја прави оваа платформа доста важна, а посебно кога се мисли на безбедноста. Било каков проблем значи проблем со милиони веб страни, а тоа не е нешто што не треба сериозно да се сфати.

Моментално најновата верзија на WordPress e 5.2.2, а се овозможува поддршка до верзијата 4.7. Кога со повеќето работи е така, зошто и WordPress би биле различни, па голем дел од веб страните уште работат на верзии пред 4.7, па се до WordPress 3.7, а има и такви кои работат на уште постара верзија.

Безбедносниот тим на WordPress, кои веќе еднаш дадоа ваков предлог, сега планираат истиот дефинитивно да го реализираат и автоматски да ги надградат сите веб страни кои работат на старите верзии од платформата.

Со цел да не дојде до „расипување“ на милиони веб страни, планот е да се почне со мал процент којшто ќе се надградува по 0.1 верзија на секои 2 недели, по што крајната цел е да се дојде до најновата верзија од платформата.

Доколку се се’ одвива како што треба, процентот би се зголемувал, па идејата е да повеќето страни бидат надградени на нова и безбедна верзија од платформата.

Причината за ова е секако да се овозможи подобро функционирање на програмерите на WordPress кои сега мораат да го прилагодуваат кодот за многу верзии. Меѓутоа, иако корист би имале во WordPress, сепак идејата е и дека целиот интернет би имал корист поради тоа што милиони небезбедни веб страни ќе бидат надградени и ќе им се намали шансата да сигурно бидат проблем.

Од WordPress истакнуваат дека навремено ќе ги информираат планираните веб страни, а тие ќе имаат и можност да ја одбијат автоматската надградба, но ќе им биде истакнато дека ќе мора да го направат тоа самите. Исто така, веб страните кои ќе имаат проблем со некој од надградбите, ќе бидат вратени на претходната верзија која немала проблем.

Доколку овој пан се реализира, може да се очекува проблем кај голем број на веб страни. Тие кои ги немаат надградени страните, иако често од неажурност, сепак значи дека имаат и стари теми, оперативни системи и слично, па најверојатно и нема да може да функционираат на нова верзија од WordPress.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.