Фото: Shutterstock.com

BitTorrent протоколот, кој пред 20 години држеше 35% од вкупниот интернет сообраќај, во денешно време веќе не го држи тоа убедливо прво место. Иако голем дел од корисниците, посебно во овој дел од светот, се’ уште го користат овој протокол, сепак тој е заменет од нешто што би се очекувало.

Корисниците го трошат интернет сообраќајот, а посебно тој за прикачување на податоци, на „стриминг“ сервисите како YouTube, TikTok и слични, а тука исто така се приклучуваат и „cloud“ сервисите на кои корисниците ги чуваат своите документи, но пред се, слики.

Како додатен фактор за падот на популарноста на BitTorrent треба да се додаде и новиот начин на кој се пренесува пиратската содржина во денешно време. Поради доста подобрата брзина на интернетот, ваквата содржина сега се „стримува“ преку веб страни, наместо да се симнува на компјутерот.

Информациите за промената на популарноста на BitTorrent доаѓаат од канадската компанија Sandvine кои го имаат објавено нивниот „Global Internet Phenomena Report“ за минатата година, а истиот е достапен тука.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2TorrentFreak
Претходна статијаAndroid 15 ќе овозможи лоцирање на телефоните дури и кога тие се исклучени
Следна статијаМесец дена со Galaxy S24 Ultra, најновото и најдоброто од Samsung
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.