СКОПЈЕ, 15.03.2024: Вчера се одржа свечена манифестација за доделување на македонските Награди за е-трговија за 2023 година – “E-commerce Awards”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ. Манифестацијата се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци, а целиот настан изобилуваше со богата програма составена од домашни уметници. 

На гала манифестацијата се одбираа најдобрите македонски е-трговци за изминатата 2023 година, кои се натпреваруваа во 24 категории поделени во три секции: најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање, најдобри е-продавници по сектори и шампиони во е-трговија. 

Изборот на најдобрите од е-трговијата за 2023 се организираше во 5 фази. Започна со пријавување на е-трговците, каде што повеќе од 160 домашни компании се пријавија за учество на натпреварот. Оние кои ги исполнуваа условите беа поставени за гласање од јавноста, каде што во текот на јануари и февруари беа собрани повеќе од 111.200 гласови од повеќе од 6.100 гласачи. По гласањето од јавноста се формираа ранг листите со финалисти во секоја категорија, за кои следуваше гласање од стручната жири комисијата која што оваа година се состоеше од 12  членови – експерти во различни области поврзани со е-трговија. По собирање на гласовите од јавноста и од стручната жири комисија, согласно воспоставената методологија утврдена во Правилникот на наградите, според која гласовите од публика учествуваа со 40% во вкупниот ранг и 60% на жири комисијата, беа формирани финалните ранг листи кои ги одредија победниците. Вкупно беа доделени 38 награди на најдобрите домашни е-трговци, поделени во 24 категории. Категоријата “Најпопуларна е-продавница” беше единствената категоријата во која наградата беше доделена единствено врз основа на бројот на гласовите од јавноста.

Победниците се објавени на следниот линк на официјалнтата веб страница на натпреварот: https://ecommerceawards.mk/pobednici/а може да се погледнат и во продолжение:

Победници во секцијата “Најдобри е-продавници по сектори” се:

  • Е-продавница за облека, обувки и модни додатоци на годината – fashiongroup.com.mk
  • Е-продавница за бела техника и електроника на годината – neptun.mk
  • Е-продавница за храна и пијалоци на годината – korpa.mk
  • Е-продавница за туристички услуги на годината – jk.mk
  • Е-продавница за убавина, здравје и нега на годината – zegin.com.mk
  • Е-продавница за дом, градина, мебел и канцелариски материјали на годината – smartliving.mk
  • E-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки на годината – svetotnabibi.mk
  • Е-продавница од областа на услужни дејности на годината – korpa.mk
  • Е-продавница за уметност, култура, настани и едукација на годината – literatura.mk
  • Е-продавница за различни производи – ananas.mk
  • Е-огласник – pazar3.mk

Добитници на награди во секцијата “Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање” се:

  • Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање – evnonline.mk (1 место)
  • Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање – telekom.mk (2 место)
  • Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање – vodovod-skopje.com.mk (3 место)
  • Најдобра достава во е-трговија – korpa.mk (1 место)
  • Најдобра достава во е-трговија – ananas.mk (2 место)
  • Најдобра достава во е-трговија – cc.els.mk (3 место)
  • Е-трговец со најдобра грижа за корисници –  paket.mk (1 место)
  • Е-трговец со најдобра грижа за корисници – telekom.mk (2 место)
  • Е-трговец со најдобра грижа за корисници – neptun.mk  (3 место)
  • Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – ananas.mk (1 место)
  • Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – fashiongroup.com.mk (2 место)
  • Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – svetotnabibi.mk (3 место)
  • Најдобра веб страна за плаќање на сметки – evnonline.mk
  • Мобилна апликација за е-трговија на годината – korpa.mk
  • Mаркетплејс платформа на годината – ananas.mk
  • Најдобра е-продавница со меѓународна продажба – svetotnabibi.mk
  • Најдобар верификуван е-трговец – fashiongroup.com.mk
  • Најдобра е-продавница основана од жена –  elenaluka.com.mk (1 место)
  • Најдобра е-продавница основана од жена –  korpa.mk(2 место)
  • Најдобра е-продавница основана од жена – preplet.mk(3 место)

Добитници на награди во секцијата “Шампиони во е-трговија” се:

  • Најдобра новоотворена е-продавница (отворена во 2023 година) – ananas.mk
  • Најпопуларна е-продавница – mytime.mk (1 место)
  • Најпопуларна е-продавница – fashiongroup.com.mk (2 место)
  • Најпопуларна е-продавница –  ananas.mk (3 место)
  • Е-трговец на годината за 2023 година – ananas.mk (1 место)
  • Е-трговец на годината за 2023 година – paket.mk (2 место)
  • Е-трговец на годината за 2023 година – fashiongroup.com.mk (3 место)

Инкаку, овогодинешниот избор за Најдобрите е-трговци за 2023 година беше реализиран со поддршка на генералниот партнер – Мастеркард, организацискиот партнер – Халк Банка, златните партнери – НЛБ Банка и Иуте Македонија, сребрениот партнер – Минт Финтек Груп и бронзените партнери.

Претходна статијаТретото тест лансирање на Starship од SpaceX помина многу поуспешно од претходните
Следна статијаApple се назад со развојот на генеративната вештачка интелигенција и се во преговори да го користат Gemini во наредната генерација од iOS