Microsoft, кои на чело со Сатја Надела изминатите години се многу поблиски со заедницата на отворен код, реши да го отвори кодот на Windows Calculator со надеж дека ќе добие нови и подобрени функции.

Иако апликацијата е полна со функции и прилично добра, сигурно со тек на време ќе биде придонесено од заедницата за нејзиното подобрување, но во меѓувреме отвореноста на кодот беше искористена за друга цел.

Поточно, програмерите од Uno Platform го имаат прилагодено кодот и сега апликацијата е достапна за корисниците на Android, iOS, а може да се пристапи и преку веб.

Апликацијата за жал сепак и треба малку подолго време да се отвори за разлика од апликација која е развиена специјално за овие платформи, но сепак говориме за секунда, не повеќе.

На страна оваа мала маана, апликацијата е истата која ја користите на Windows 10 и ги има истите функции и изглед, па на фановите на Microsoft и нивните платформи и производи, ова сигурно одлично ќе им се најде.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаБезбедносниот тим на WordPress предлага автоматска надградба на веб страните кои уште работат на старите верзии од оваа платформа
Следна статијаSamsung Galaxy Note10+ 5G оценет како телефон со најдобри камери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments