Windows Calculator, можеби наједноставната и во исто време најмногу користена апликација во сите верзии од Windows, сега им е достапна на сите програмери да работат на нејзниот развој или едностсавно да ја користат за нивни потреби во свои проекти.

Ова е овозможено поради тоа што Microsoft го отвори кодот на оваа апликација и го објави на GitHub, а сето тоа под MIT лиценцата.

Некој може ќе се праша зошто од компанијата се имаат одлучено за овој потег, покрај тоа што ова не е првата апликација која отиде во „open source“ правецот.

Покрај тоа што сега и заедницата ќе придонесува кон подобрување на апликацијата, за Microsoft ова е одличен начин да им покаже на програмерите како функционира нивниот програмски јазик кој го користат, како и тоа како функционира една апликација направена во Universal Windows Platform.

Иако едноставна, оваа апликација може да придонесе да програмерите повеќе работат на развој на апликации за „модерната“ околина на Windows 10, односно апликации кои се инсталираат само од Microsoft Store, продавницата за апликации.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаНЕОТЕЛ со специјална понуда за подигнување на еколошката свест кај граѓаните
Следна статијаInTech Meetup #6 на 9 април во Public Room
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.