Возилата на Tesla се познати по технологијата која е дел од нив, покрај нели што се првите автомобили кои ги популаризираа целосно електричните автомобили. Тоа значи дека Tesla автомобилот нема да го отклучувате со обичен клуч како што е со останатите автомобили, па тоа се прави со мобилна апликација, посебен мал уред или картичка со чип во неа.

Една сопственичка на Tesla решила да отклучувањето на својот автомобил е нешто на кое никогаш нема да треба да мисли, односно дали со неа ги носи картичката или било што друго и да користи за таа намена.

Тоа го има постигнато со тоа што чипот од картичката го има извадено од неа и вградено во својата рака. Таа веќе има направено нешто слично со вратата од својата куќа, а истиот чип го има користено за контрола на својот мобилен, односно автоматско вклучување на нејзината веб страна.

Интересното е што таа прво се има обидено да информациите од чипот ги пренесе на тој што веќе го има вградено во нејзината рака, меѓутоа не било можно, по што се решила да вгради втор чип.

Интересна приказна, а истата можете да ја погледнете на видеото на почетокот од оваа статија.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаHUAWEI го претстави EMUI10 за да обезбеди паметно искуство во сите можни сценарија
Следна статијаБезбедносниот тим на WordPress предлага автоматска надградба на веб страните кои уште работат на старите верзии од оваа платформа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.