Iconic image for city streets

Google веќе подолго време ја тестира својата технологија за самоуправувачки автомобил на улиците во Калифорнија, а за тоа има и официјална дозвола од Секторот за моторни возила. Овие возила, коишто се прилагодени Lexus-и, повеќе пати досега биле дел од сообраќајна незгода, но не по нивна вина.

Оваа недела овие возила ја направија својата прва незгода, овој пат по нивна вина, барем до некаде.

Незгодата се има случено при вртење на автомобилот на десна кривина за исклучување од еден булевар и влез во друг. При вртењето забележал дека на улицата се поставени вреќи со песок поради поплави од невреме, па автомобилот тргнал да ги избегне. При избегнувањето тој удрил во задната десна страна од автобус којшто се движел пред него.

Повредени во незгодата нема, а и двете возила се движеле со многу мала брзина, Google автомобилот со околу 3 километри на час, а автобусот со 25.

При тестирањето на овие автомобили во нив секогаш мора да има човек возач којшто би реагирал во одредени ситуации, доколку забележи дека може да дојде до сообраќајна незгода.

Во овој случај возачот не реагирал затоа што не очекувал дека ќе дојде до сударот со автобусот.

Од Google истакнале дека тие до некаде преземаат одговорност за автомобилот, иако не сметаат дека се работи за нешто сериозно.

Извор: MITTechReview, DMV

Претходна статијаНовиот iPad нема веќе да се вика “Air” туку ќе носи наставка “Pro”
Следна статијаНовите постпејд Smart тарифи на Македонски Телеком со неограничени разговори и СМС пораки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.