ara-concept

Со сите други случувања, може да се каже дека до некаде подзаборавивме на интересниот проект на Google, Project Ara. За потсетување, проектот вклучува развој на модуларен телефон, односно телефон чии што компоненти како процесорот, камерата, меморијата и слично, можат да се менуваат независно и со тоа да се надградува телефонот со текот на користењето.

Последните информации кои што можевме да ги прочитаме ни покажаа неколку демо презентации за тоа како ќе работи телефонот, а исто така не информираа дека Google ќе започне тестирање во Порторико.

Сепак, дали поради преструктуирањето на компанијата или поради и други причини, проектот си оди барем привремено од Порторико, а во исто време се најавени и калкулации за начинот на продолжување на проектот.

Ова значи дека сепак ќе почекаме уште одреден период додека да го видиме овој телефон на пазарот. Сепак, постојат и други компании кои што развиваат свои модуларни телефони, па штом идејата е во јавноста, сигурно можеме во иднина да очекуваме промена на начинот на користење на телефоните денес.

Не можеме со сигурност да кажеме дека овој тип на телефони ќе станат масовно користени во иднина, меѓутоа дефинитивно доколку тоа се случи ќе претставува еден вид револуција, односно целосна промена во начинот на кој што тоа денес се прави. Корисниците веќе нема да мислат на промена на уредот, туку само неговите компоненти кои што тие сметаат дека се застарени или можат да бидат подобри.

Извор: VB

Претходна статијаНово откритие во основите на физиката
Следна статијаЕве како да направите чиста инсталација на Windows 10 и да останете активирани
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.