caltechbasicphysics

Нови откритија во основи на било која наука не се случуваат секојдневно. Во главно основите на стандардната физика се познати, но тоа не значи дека не постојат перспективи кои можат да не` изненадат во иднина.

Во тој фазон е откритието на Caltech во врска со една од основните интеракции на атомите на металите. Откритието се однесува на нестабилностите кои се појавуваат кај атомите на металите кога се наредени во нивната решетка. Кај металите се случува феномен на периодично модулирање на електроните во просторот.

Главното прашање кое се поставува е дали ваквото модулирање т.е. нестабилноста се појавува поради интеракција на електроните со атомите на металот или поради интеракција на електроните меѓу себе во тоа „море“ од електрони кое постои кај решетката.

Според анализата со синхотрон со рентгенски зраци врз два метала – хром и ниобиум диселенид на екстремни услови од притисок: 0 до 100 000 бари; температура 3К (скоро апсолутна нула) до 300К, постои едноставна врска меѓу притисокот и како комуналните електрони се организираат. При анализата на материјали со сосема различни типови на кристали се однесуваат слично под или без притисок.

Ова откритие ќе може да придонесе за развивање на нови и подобри суперспроводници, подобри изолатори, испитување на магнетни својства на метали кои обично ги немаат и така натаму.

Извор: Phys.org, Next Big Future, Caltech

Претходна статијаФотките од телефонот може да се искористат за да покажат и каде ќе бидете во иднина
Следна статијаProject Ara си оди од Порторико, следат калкулации за продолжување на проектот