Samsung_Galaxy_S6_review (9)-970-80

Ако не ја исклучите како опција (а најчесто е ставена како вклучена) геолокацијата и времето се запишува на фотографиите кои ги правите со телефонот. Сместувачите на ваквата опција често знаат да ја бранат со тоа дека ни овозможуваат разни фиктивни „предности“, но по откритијата кои ги видовме во врска со разни агенции кои едвај чекаат да ги „позајмат“ вашите приватни податоци за „борба против тероризмот и педофили“, јасно е дека ваквите сервиси можат да бидат огромна дупка во вашата приватност.

За да се демонстрира истото дополнително, истражувачите од University College од Лондон прикажаа начин како може со помош на геолоцирани фотографии од телефони да се одреди каде одреден човек ќе биде во иднина со 92% точност! Тие земале 8 милиони фотографии споделени на Flickr од 16.000 луѓе од В. Британија. Потоа, ги сместиле во база на податоци каде ги анализирале сите, успешно обидувајќи се преку алгоритам да утврдат каде би се наоѓал некој од корисниците во иднина.

Според авторите на студијата со ваквиот пронајдок може да се одредат „генералните патеки од однесувањето на многу индивидуи“, но не сме сигурни дали 92% точност на одредување на идна позиција може да се подведе под „генерални патеки“. Како и да е, ова е уште еден силен удар против приватноста која може да се заштити само со блокирање на геолокацискиот запис, притискање за воведување подобри закони за заштита на приватноста и демонтирање на аргументите налик „ако немаш што да криеш што ќе ти приватност“.

Извор: TechRadar, Royal Society Open Science

Претходна статијаДемонстрирана пореалистична 3Д анимација на човечки тела
Следна статијаНово откритие во основите на физиката