UNILAD-graphic25

Реалистичната анимација е цел на сите 3Д аниматори и создавачи на компјутерски игри. Тие знаат дека корисниците/гледачите секогаш бараат поголем реализам во тоа што го гледаат на екранот, па во ова поле од зачетокот е постигнат значаен напредок. Кога само ќе помислиме на дводимензионалната „змија“ испрограмирана во BASIC, преку 2Д аркадни игри, 3Д игри како Half-Life до скоро визуелно-хиперреалистични игри како Crysis – напредокот во последните 3 децении е огромен.

Сепак, се` уште постојат одредени проблеми и недовршености кога се работи за 3Д анимација, и тоа во главно поради ограничувањето кое доаѓа од процесирачката моќ на просечниот, па дури и на силниот компјутер. Имено, уште денес веројатно е можно да се создаде хиперреалистичен свет бидејќи алатките за истото се тука, но проблемот е што не постои компјутер кој тоа би можел да го испроцесира, макар и за малиот дел кој корисникот го гледа.

Поради тоа програмерите и аниматорите многу често мораат да се осврнуваат на кратенки кои се доволно добри, но сепак не целосно реални. Сепак, се работи на полето, па на конференцијата SIGGRAPH 2015 која е специјализирана за компјутерска графика, беа презентирани два нови методи на создавање пореалистичен приказ на човечки тела.

Кај првиот се работи за програмабилно изведување на природното „бранување“ на телото кога се движи. Човечките тела се еластични и кога се движат тоа се одразува на начинот на стапнување, местење на екстремитетите и другите делови како телесно сало, кои вибрираат соодветно на нивната позиција, форма, состав и маса. Емулација на токму тоа постигнале овие истражувачи, како што може да се види во долното видео:

Кај вториот метод беше прикажан начин на прикажување многу реалистична човечка кожа која се витка и ја менува текстурата кога се тегне или собира. Ова повторно е кратенка, но паметна, бидејќи овозможува да се вгради и во денешните софтвери за анимација без да мора да се прават системски преработки. Имено, истражувачите скенирале вистинска човечка кожа на простор од 10 микрони, и потоа со помош на алгоритми направиле во анимацијата кога се тегне кожата да се заматува, а кога се собира да се изострува – така симулирајќи ја вистинската кожа:

Во секој случај интересен и значаен напредок кон зголемување на реализмот во 3Д анимацијата.

Извор: The Verge, Unilad

Претходна статијаSamsung ги претстави Galaxy Note 5 и Galaxy S6 Edge+
Следна статијаФотките од телефонот може да се искористат за да покажат и каде ќе бидете во иднина