Предизвикот на научниците да создадат батерии кои би траеле многу подлого од сегашните станува реалност. Дека 2014 би можела да биде година на посериозни откритија и иновации на ова поле покажува и заинтересираноста на многу компании за промоција на нивните нови технологии.

batteries-truck

Најголемо внимание привлече објавата на Amprius, компанија која е водечки производител и развивач на литиум јонски батерии. Веста дека собрале 30 милиони долари со цел да се промовира и развива нова генерација на батерии со енергетски силиконски електроди одекна многу брзо.

Според изјавата на компанијата, се очекува овие батериии да зачувуваат околу 50% повеќе енергија отколку стандардните батериски ќелии кои сеуште се користат во електричните автомобили. Негативната страна на овој изум е дека при полнење и празнење на батеријата, овие силиконски електроди се надувуваат и смалуваат што е и причина за нивно целосно распаѓање. Но основачот на Amprius Yi Cui (http://www.stanford.edu/group/cui_group/), кој воедно е и професор на Stanford успеа да го избегне овој проблем со нагодување на материјалот и создавање на нано проводници кои не би се распаѓале.

silicon-semiconductor

Истражувањето на овој тип на батерии допринесе за развој на друга идеја, друг тип на батерии со основа создадена од нано честички со силикон, обвиени со јаглерод. Животниот век и процентот на складирање е далеку подобар од стандардните батерии, но сепак не се доволно добри за сенаменска употреба.

amprius

Овие батерии можат да се наполнат и до 500 пати и сеуште да задржат 80 % од нивниот оригинален капацитет, што е одлично за преносливите електрични уреди, но не и за електричните автомобили. Неколку стотици илјади вакви батерии се произведени од фирма соработник на Amprius во Азија и вметнати се во различни преносни електронски уреди произведени од страна на кинески производители.

За разлика од нив, новата генерација на батерии со силиконски електроди би можеле да траат од 700 до 1000 циклуси што би било доволно да издржат цел животен век на електричен автомобил поради големината на самата батерија.

Претходна статијаWindows тема со зајдисонца од Охридско езеро
Следна статијаSamsung најави Lite верзија на Galaxy Tab 3