Компанијата од Нов Зеланд Mars Bioimaging е првата компанија која започна да нуди рендген снимки и други компјутерски снимања за медицински цели, во боја и во 3D. За разлика од моменталните црно бели слики кои сите ги знаеме од посетата на доктор некогаш во нашиот живот, новите слики во боја треба да овозможат многу подобри детали и можност за докторите да проценат што не е во ред, доколку тоа е случајот.

Новиот систем за скенирање е наречен Spectral CT, а она што привлекува дополнително внимание е како истиот е развиен. Тој е направен благодарение на програмата на CERN за споделување на знаењето, односно на технологиите кои тие специјално ги развиваат за нивните потреби.

Оваа програма има за цел да соработува со медицинските компании за унапредување на медицинската технологија, каков што е и овој случај.

Spectral CT системот е направен на основа на чипот Medipix3 кој во CERN е развиен за потребата за детално истражување на честичките, нешто што е основа работа на овој институт. Чипот овозможува да се добие детална слика во висока резолуција од светлината што ја враќа секоја честичка и паѓа на секој посебен пиксел на апаратот за скенирање.

Овој систем овозможува да прикаже детална слика од коските, од мускулите, меките ткива, а како што се гледа на една од сликите, прикажан е и часовникот на човекот чиј зглоб од раката се скенира.

ИЗВОРCERN
ИЗВОР 2New Atlas
Претходна статијаМедитација – како преживеале момчињата од Тајланд
Следна статија25 нови филмски наслови исполнети со врвни холивудски имиња
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.