Филмските сладокусци ќе се израдуваат со филмските новитети во јули, кои се достапни на Пикбокс. Дури 25 нови филмски наслови, класици на кинематографијата и филмови „задолжителни за гледање“, можат да се гледаат веднаш и сега. Дополнителна погодност е и фактот дека Пикбокс воведе 30 бесплатни денови гледање за сите оние што не се сигурни колку се компатибилни со сериските и филмските наслови во понудата. Во продолжение, запознајте се со филмовите и актерите кои во текот на јули можете да ги видите во интернет видеотеката.

Три оскаровки го предводат интригантниот список на филмови

Никол Кидман, Џулијан Мур и Мерил Стрип се стари познајнички на сите филмски фанатици, а заедно имаат 27 номинации за „Оскар“ и дури пет освоени статуетки. На Пикбокс се појавуваат во прекрасната драма „Часови“, базирана на истоимениот роман награден со Пулицерова награда. Филмот ги прикажува животите на три жени од различни десетлетија, меѓу кои е и познатата писателка Вирџинија Вулф. Филмот ги обработува темите за биполарното растројство, депресијата и несреќните бракови. „Иако филмот е доста депресивен, на гледачите им подготвува емоционално патување и покажува одлична глума на едно место“, пишуваа светските медиуми по почетокот на прикажување на филмот во кината ширум светот.

Тим Рот и Антонио Бандерас сочинуваат дел од поставата на антологиската комедија „Четири соби“, а меѓу неколкуте режисери во овој единствен филм се Роберт Родригез и Квентин Тарантино. Приказната е сместена во хотелот „Мон сињор“ во Лос Анџелес. Тим Рот го игра хотелскиот портир, кој првиот работен ден се среќава со четири различни соби: собата за младенци, собата 404, собата 309 и поткровјето. Во четирите соби престојуваат различни гости кои ќе го збунат, ќе го полудат и ќе го налутат портирот.

Јуан Мекгрегор, Џош Бролин и Ник Нолти носат ветре на хорор и трилер во многуфалениот филм „Ноќен чувар“, создаден според данскиот филм „Натевагтен“. Режисерот Оле Бернедал за овој филм освои дури две награди, меѓу кои е и една за најдобар режисер. Филмот нè воведува во животот на Мартин, студент по право, кој добива работа на ноќен чувар во една болничката мртовечница. Поради зачестените убиства, целото внимание се насочува кон него како главен осомничен. Додека државните служби го обвинуваат Мартин, тој се обидува да ја симне дамката од своето име и да го најде вистинскиот сторител.

Но, тоа не е сè!

Винсент Кесел, Ештон Качер, Бен Стилер, Дру Баримор, Хит Леџер, Кејт Бланшет, Адриен Броди, Бен Афлек, Гери Синис, Лив Тајлер, Франсис О’Конор, Софија Лорен, Џулија Робертс, Ентони Хопкинс, Гвинет Полтроу, Џејк Гиленхал, Мет Дејмон, Едвард Нортон и Џон Малкович се само дел до актерските постави на новите филмови на Пикбокс. За целосната понуда на филмовите, упатете се на www.pickbox.tv и уживајте во топлото, возбудливо лето со најдобрите наслови!

Претходна статијаMars Bioimaging почна да ги прави првите 3D рендген слики во боја користејќи технологија развиена во CERN
Следна статијаНеколку начини како „паметно“ да купите и да чувате крипто