Елон Маск го обелодени првичниот план за реализација на неговите подземни Hyperloop транспортни станици. Како што може да се забележи, примарната цел на новиот начин на транспорт ќе биде пренесување на пешаци и велосипедисти.

Компанијата The Boring Company која се споменува како реализатор, првично ќе биде сконцентрирана на копање на мрежа тунели. Тунелите, подоцна ќе бидат прилагодени за транспортните Hyperloop платформи. Капацитетите ќе се одредуваат според потребите на пешаците и велосипедистите.

Она што претходно беше споменувано како транспорт на возила е ставено во втор план. Димензиите на транспортните платформи би биле неколку квадратни метри. Ваквиот начин на транспорт цели кон заменување на традиционалниот превоз со подземна железница.

Она што сега го претстави Маск значително се разликува од првичната идеја. Меѓутоа подобрувањата се направени веројатно по извршени консултации и дополнителни пресметки за потребата од ваков вид на превоз.

Во секој случај, јавноста за прв пат има прилика да види како потенцијално би можело да изгледа она што ќе го замени најмасовниот начин на превоз за патници.

ИЗВОРTech Crunch
ИЗВОР 2Twitter
Претходна статијаПривлечноста на лажните вести
Следна статијаМарио Савовски: Откриена вистината за човекот што лебдеше над МРТВ