Продажбата на таблети продолжува да паѓа и ова е тренд кој веројатно нема да се промени во наредниве неколку години, на што нема да одолеат ниту големите производители како Apple со популарните iPad таблети или пак Samsung, кој исто така има богато портфолио на вакви производи. Сепак, има еден производител кој продолжува да покажува позитивни резултати со својата линија на таблет компјутери, а тоа е Amazon.

Причината за ова е што нивните таблети се супер евтини – нудат перформанси на двојно поскап таблет од Apple или Samsung. Причината за ова е што со нив сте заклучени во еко системот на Amazon, односно ќе мора да инсталирате апликации од Amazon Store, да купувате електронски книги, филмови, музика и секакви други производи од Amazon. Да, на нив нема да може да инсталирате Play Store (возможно е, бидејќи во принцип оперативниот систем е Android), но ова очигледно не им пречи на купувачите, кои очигледно не сакаат да платат премногу пари за производ кој најверојатно ќе го користат нивните деца (и многу веројатно да го искршат).

Благодарение на оваа стратегија, вкупниот удел на Fire таблетите на Amazon на пазарот порасна од 7,5% на 10,9% за третиот квартал од оваа година (раст на продажбата од 38,7%), што го прави единствен производител со забележителен раст на пазарот на таблети. За споредба, Apple има раст од само 11,4% и тоа благодарение на големиот број на нови iPad-и во портфолиото претставен во вториот квартал, додека Samsung има пад на продажбата од 7,9%.

Извор: ZDNet, Datamation, TechRadar

Претходна статијаИнтервју: Џим Шу, предводник “Huawei Consumer Business Group”
Следна статијаiPhone X има двострана матична плоча и двојна батерија