iPhone X е еден навистина импресивен смартфон од гледна точка на дизајн и инженеринг, но уште поимпресивно е кога ќе го отворите и ќе погледнете што има внатре, што iFixit го прави на скоро секој нов мобилен уред. Тука најдобро се гледа што се морал да направи Apple за овој смартфон да ги има малите рамки околу дисплејот и целата технологија, како на пример напредниот засек над дисплејот кој може да „гледа во 3D“, односно моќнот A11 Bionic чип.

За да ги задржи малите димензии на телефонот, Apple морал да направи неколку дизајнерски решенија кои се различни од досегашните. Имено, за прв пат кај еден iPhone, а и воопшто скоро прв пат кај еден телефон, батеријата е двојна, односно има две јасно одделени ќелии поставени во облик на буквата “L”. Ова им овозможило на Apple подобро искористување на просторот и задржување на (делумно) високиот капацитет.

Она што е уште поимпресивно е големината на матичната плоча, која изгледа многу помала од таа на iPhone 8 Plus. Причината за тоа  што оваа матична плоча е двострана, што е решение кое досега не сме го виделе во ниту еден друг паметен телефон. На овој начин, Apple успеал да ги намали нејзините димензии за 30%, притоа вградувајќи 35% повеќе компоненти, кои се потребни за сите нови, напредни технологии.

Во поглед на поправка, предниот екран е прилично лесен за промена, но чини дури 279 долари, додека задното стакло е скоро невозможно да се промени, односно мора да се промени заедно со целата шасија. Затоа и цената на промена на задното стакло изнесува 549 долари, што е навистина премногу, макар и за телефон од високата класа. Со еден збор, не го кршете задното стакло.

Извор: TechCrunch, CNET, ZDNet

Претходна статијаПродажбата на таблети продолжува да паѓа, Amazon и Apple со позитивен раст
Следна статијаOд денес, со секој купен Dell лаптоп донираш