Motorola во последно време можеби повеќе се познати под одличните уреди од средната и средно високата класа. Со оглед на доминацијата на пазарот од три играчи, останатите подолго време веќе повеќе шанса имаат со настап на тој дел од пазарот.

Иако не сме сигурни во која класа би бил овој телефон од Motorola, тој секако остава впечаток дека ќе има доста карактеристики од повисоката класа.

Првата работа која се забележува на овие неофицијални рендери е екранот со скоро воопшто рамки околу екранот и мал „солза“ исечок на горната страна.

Според мене, ова решение е можеби и најдобро од тоа што може да се види на пазарот. Камерата е поставена на предната страна, без потреба од големи исечоци и додатоци, како и механизми за истата кои може лесно да се расипат.

Втората работа која можеби привлекува и повеќе внимание е задната страна на уредот. Од неофицијалните рендери се гледаат 4 камери, нешто што иако го има, не е толку често на пазарот.

Ваквата поставеност на камерите ќе овозможи одлични слики кои ќе бидат составени од повеќе видови на сензори. Сепак, не е познато дали камерите ќе овозможуваат различни кадри или ќе бидат тука за креирање на што подобра слика од комбинација, како што е случајот со петте камери на Nokia 9 PureView.

Од рендерот исто така се забележува дека сензорот за отпечатоци изгледа ќе биде поставен под екранот, нешто што полека станува стандард, а потребната технологија за истото е веќе одамна достапна.