Текстот ќе го започнеме со човек за кој најверојатно не сте чуле, особено ако не го следите баш овој niche пазар. Коди Вилсон.

Дечкото во 2012, на свои 25 години, создава непрофитна организација (Defense Distributed, скратено DD) под мотото „технологија за самоодбрана на граѓаните како јавен интерес“. Станува збор за организација која има за цел да ги анулира сите ограничувања било кој да може да си направи дома свое оружје (т.н. wiki weapons).

Како би можел секој да си направи дома пиштол?! 3Д принтер + дигитален фајл (податок). Не е (се’ уште) толку едноставно, ама на тоа се сведува работата.

Во 2013 DD го лансираат Liberator, првиот модел на 3Д принт пиштол. За само два дена, фајлот е симнат над 100,000 пати! Информацијата (фајловите) се веќе пуштени во новата дигитална реалност и нема назад.

Секако, ваков тип на организации и иновации нема да остане незабележано од властите во САД. Почнуваат да им ставаат правни кочници (да не влегуваме сега премногу во детали), но Коди Вилсон успева да извојува (привремена) победа врз основа на слобода на говор; администрацијата на Трамп склучува спогодба со која практично признава пораз во правната борба.

Имено, DD всушност споделуваат на Интернет дигитални фалјови, податок, кој оние кои имаат 3Д принтер може да го искористат за да си направат оружје. Без разлика за што се користи податокот, фактот е дека станува збор за слобода на говор.

Паника. Како што објаснува Џефри Такер, „паниката не е толку за можноста за масовно производство на нерегулирани пиштоли; паниката е поради генерално губење на контрола“. Поентата е дека се случува сериозна промена на целата „општествена-културна парадигма“ – Интернетот, децентрализацијата, слободната информација – и допрва ќе има промени во односите помеѓу поединецот и Државата. Физичкиот свет пополека мигрира во дигитално ткиво каде што информациите не се контролираат.

Како ќе се подобрува 3Д технологијата така ќе станува се полесно секој да произведува и иновира илјадници работи – вклучително и оружје (иако би било логично legislation to catch up). Засега, според дел од експертите, не е ни лесно, ниту едноставно, а ниту евтино. За среќа или не, реалноста е таа.

Претходна статијаMotorola спрема телефон со 4 камери на задната страна?
Следна статијаСтратегија за штедење во Биткоин?
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.