Ако ве интересира privacy 101 и сакате да се запознаете со клучните столбови на темата, Х. Хардинг има напишано одличен текст. Како секој текст од оваа рубрика, најдобро е да си го прочитате цел директно, но во прилог наш коментар и куса анализа на главните поенти.

Преку фокус на тезата „ако немаш ништо да сокриеш, нема што да се секираш за приватноста“ Хардинг убаво ја опфаќа суштината на значењето на приватноста, особено во модерното време. Патем, како што објаснува професорот по право (експерт на темата), Даниел Солов, овој аргумент е главната алатка на противниците на приватноста. Затоа и реконструкцијата до сама срж има голема важност за разбирање на темата.

Најпрво, цитирајќи друг експерт на темата, авторот објаснува дека:

Не е муабетот „што да сокријам“, туку кој пренос на информации е општествено соодветен, а кој не. Дополнително, прашањето е од кого да сокријам? Има работи кои лесно би ги споделиле со партнерот, но не и со било кого на улица. Пример, постојат податоци кои ги споделувам со банката, но не би сакал хакер да ги види.

Едноставно, правото на приватноста не е измислено и потребно само бидејќи секој од нас има нешто лошо да сокрие. Приватноста е заштита која овозможува контрола на поединецот за „флоуто“ на лични податоци кои ги споделува со светот (јас избирам кои информации, на кого, кога и како ќе ги споделам). Се додека сме заштитени со обивката на приватноста ги држиме конците во наши раце (претежно).

Впрочем, никој не сака било кој друг да му има пристап до неговите лозинки, да речеме. Имено, често ако некој ви го пробие штитот-приватноста, има многу начини како да ви наштети и на други права и слободи. Нешто што Македонија го осети на своја кожа со последниот скандал со прислушкуваните 20.000 граѓани кои ги обзнани сегашниот премиер. Ако никој не ги контролира оние кои контролираат, можноста за злоупотреба на личните податоци е неограничена.

Работата станува покомплицирана кога треба да се балансира приватноста и националната безбедност, но тоа е веќе чекор подлабоко во темата. Хардинг се задржува на основните но суштински работи во текстот – read it yourself.

Претходна статијаПретставен Nokia X71 со камера со 48 мегапиксели
Следна статијаMotorola спрема телефон со 4 камери на задната страна?
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.