При крајот на јануари Meizu претстави интересен концепт телефон којшто воопшто нема физички копчиња на него, како и било какви порти за полнење и слично.

Овој телефон беше пуштен да собира средства на Indiegogo платформата, меѓутоа не успеа да ги собере планираните средства, а на поддржувачите ќе им бидат вратени парите.

Дали поради неуспехот на кампањата или можеби навистина е како што оваа недела изјави директорот на компанијата, меѓутоа Meizu Zero никогаш не бил планиран за масовно производство, а целата кампања била испланирана од страна на маркетинг секторот во компанијата.

Доколку ова е точно, тогаш собирањето на реални средства од корисниците на Indiegogo навистина е сериозен потег. Што ќе се случеше доколку потребните средства беа собрани.

Сепак, директорот на компанијата истакна дека телефонот не бил планиран за масовно производство, а тоа не значи дека не би била произведена мала количина за да биде испорачана на поддржувачите.

Карактеристиките на уредот се од повисоката класа, а истиот можете да го погледнете на овој линк.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаДебата: Бесцелни работни позиции (1/2)
Следна статијаНЕОТЕЛ со специјална понуда за подигнување на еколошката свест кај граѓаните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.