Кинескиот производител Meizu го најави нивниот најнов смартфон Meizu Zero. Има причина зошто овој телефон доаѓа со името Zero, а тоа е исфрлувањето на повеќето стандардни компоненти на кои сме навикнати.

Meizu Zero нема физички копчиња, ниту на страната каде останатите производители продолжија да ги вклучуваат. Контролата на звукот и заклучувањето на уредот се прави преку „капацитивни“ копчиња, односно површина на местото на копчињата која е осетлива на допир.

Покрај недостатокот од физички копчиња, Meizu Zero нема ни звучник на предната страна. Звукот при разговарање се пренесува преку самиот екран, а веќе имаме видено неколку уреди кои го користат истото решение.

Понатаму, Zero нема ни порта за полнење на батеријата, односно нема USB порта. Полнењето се прави исклучиво преку безжичен полнач кој во овој случај е изгледа и најбрзиот на пазарот. Преносот на податоци се прави само преку безжичните мрежи, меѓутоа тоа не е нешто на кое повеќето корисници не се веќе навикнати.

Meizu Zero исто така нема ни „слот“ за SIM картичка, па тој користи eSIM картичка која софтверски се поврзува на мобилната мрежа преку вградена една картичка која не се менува.

Инаку, според останатите карактеристики, Meizu Zero е телефон од повисоката класа. Тој има 5,99 инчен AMOLED екран, работи на Snapdragon 845 и има 20 мегапикселна селфи камера, како и двојна задна камера со 12 и 20 мегапиксели.  

ИЗВОРGSM Arena
Претходна статијаSamsung го претстави новиот „SSD 970 EVO Plus“
Следна статијаКампањата „БЕЗ ИЗГОВОРИ“ на РСБСП успешно спроведена во осум градови ширум земјата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.