huawei_p9_db1_ndtv_3418_800x600_882016122457pm

Samsung, особено по фијаското со Galaxy Note 7, не е веќе најпрофитабилниот производител на паметни телефони во Android светот. Нивното место сега го зазема Huawei, кинескиот производител кој успеа да ги покачи цените на своите телефони и во исто време да ја зголеми продажбата, нешто што претходно беше незамисливе.

Ова е нешто што во Android светот претходно му успеваше само на Samsung и во помала мера HTC. Всушност, единствен производител кој е имун на покачување на цената е Apple, кој отсекогаш важел за „премиум“ бренд. Затоа, тие имаат и убедливо најголем процент од целиот колач на профит во смартфон светот – фантастични 91% во третото тримесечје од 2016 година!

Huawei пак е најпрофитабилен меѓу Android производителите, но сето тоа е постигнато токму поради проблемите на Samsung со Galaxy Note 7. Имено, Samsung ќе загуби многу пари на престанокот на производството и отплаќањето на сите смартфони на корисниците, кои директно се одразуваат на целата профитабилност на мобилната дивизија на Samsung.

Затоа, наредната година се очекува Samsung брзо да се врати на првото место, со лансирањето на новиот Galaxy S8. Huawei пак, благодарение на богатата моделска линија и одличната контрола на загубите, се очекува да има уште поголем профит наредната година. Всушност, нивниот Извршен Директор Ричард Ју Ченгдонг, најави дека Huawei ќе биде вториот најголем играч на сцената после Apple.

Извор: Venture Beat, ZDNet, Fortune

Претходна статијаА, што ако “Црниот Петок” трае 3 дена? Капитол Мол со тридневна шопинг треска го одбележува Black Friday
Следна статијаКако до ефикасна, брза презентација?